Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Министерството за животна средина излезе со препораки по надминување на аларматниот праг на МП10 честичките

/

пред 294 дена

Сподели преку :

Во изминатите два дена, пет мерни станици во Скопје регистрирале зголемено присуство на ПМ10 честички, над дозволената граница од 150 микрограми на кубен метар. Зголемено аерозагадување е измерено во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и кај Ректоратот, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

Поради надминување на прагот на алармирање, МЖСПП препорачува бремените жени, лицата над 60 години и хронично болните да бидат ослободени од работни обврски. Се препорачува и реорганизација на работното време, при што работата на отворено да се одвива меѓу 11 и 17 часот.

Дополнително, се советува да не се организираат спортски и културни настани на отворено, да се засилат инспекциските контроли на индустриските капацитети и возилата, како и да се забрани горење на отворено, со цел намалување на загадувањето.

Т.Д.