Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Струмица во црвена зона според мерењата за квалитет на воздухот – градоначалникот ќе свика седница за превенција

/

пред 299 дена

Сподели преку :

И синоќа во Струмица загаденоста беше на алармантно високо ниво. Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат дека квалитетот на воздух е во црвена зона со појаснување „многу лош“ и со околу 159 микрограми на метар кубен пм 10 честички, и околу 120 мп 2.5 честички на метар кубен воздух.

Поради тоа и денеска се на важност мерките за заштита на здравјето на граѓаните, како и контрола на загадувачите.

Министерството препорачува работодавците треба да ги ослободат од работа бремените жени, лицата над 60 години и хронично болните. За оние кои работат на отворено, се препорачува реорганизација на работното време во периодот од 11:00 до 17:00 часот.

Покрај тоа, во Струмица ќе има засилени инспекциски контроли на фабриките со А и Б еколошки дозволи, како и на градилиштата.Полицијата ќе врши вонредни проверки на техничката исправност на возилата, со фокус на дизел автомобилите, а строго се забранува палење оган на отворено.

Градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, велат дека се свесни за сериозноста на ситуацијата и поради тоа се свика седница на локалниот совет за превенција.

„Дојдовме до заклучок дека аерозагадувањето е проблем кој е наталожен со години и мораме да најдеме систематски начин на решавање. Беше објаснето дека општинските инспекции се секојдневно на терен, вршат вонредни инспекциски надзори и заедно со полицијата веќе се лоцирани граѓани кои палат отпад за препродавање и остварување на приходи“, рече Петар Јанков, градоначалникот на општина Струмица.

Министерството апелира да не се организираат спортски натпревари и културни манифестации на отворено додека трае алармантната состојба.

Сузана Мицева