Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во моментов нема предвидено телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, порачува Песков

/

пред 296 дена

Сподели преку :

Распоредот на претседателот на Русија, Владимир Путин за последните недели од 2025 година во моментов не вклучува телефонски разговор со претседателот на САД Доналд Трамп, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој додаде дека Кремљ дополнително ќе соопшти дали Путин ќе му го честита Божиќ на Трамп.

– Во моментов не е предвидено, но ако биде потребно, тој разговор може брзо да се организира, рече Песков.

Според него, Путин денеска ќе има билатерални средби со претседателот на Киргистан, Садир Жапаров, и со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

Песков исто така потврди дека претседателите на Азербејџан и Ерменија, Илхам Алиев и Никол Пашињан, ќе учествуваат на неформалниот самит на Заедницата на независни држави.