Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За секоја акција постои реакција – порача Лавров за сакнциите против Русија

/

пред 296 дена

Сподели преку :

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, коментирајќи го воведувањето санкции од западните земји против Русија, синоќа изјави дека „за секоја акција постои реакција“.

Животот низ вековите докажа дека за секоја акција постои реакција, рече Лавров за време на пленарната седница на министерскиот состанок на Форумот за партнерство Русија-Африка, пренесува „Известија“.

Тој нагласи дека Русија претпочита да се фокусира на координација на работни и ефикасни механизми кои ќе помогнат во обезбедувањето на трговските и економските врски и ќе ги направат независни од оние кои „ги кршат сите принципи на меѓународното право“ и „прибегнуваат кон уцени и притисоци“.

Ден претходно, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта соопшти дека учесниците на самитот на Европската унија одлучиле да ги продолжат санкциите против Русија за шест месеци. Според него, на самитот на ЕУ е одлучено да се наложи на Европската комисија да ја продолжи работата на „репарациониот кредит“ за Киев користејќи го замрзнатиот руски имот.