Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕК нема донесено одлука за суспензија на ИПАРД 3 програмата, уверуваат од Земјоделство

/

пред 300 дена

Сподели преку :

Oд министерството за земјоделство уверуваат дека Eвропската комисија (EK) нема донесено одлука за суспензија на средствата од ИПАРД 3 програмата, туку само дека на состаноци со нивни претставници било најавено преземање на дополнителни контроли во делот на веќе завршените предмети.

Според министерството, по завршување на проверките и контролите од надлежните институции, реализацијата на ИПАРД 3 програмата ќе продолжи без застој. Оттаму порачуваат дека ниту еден земјоделец нема да биде загрозен во однос на користењето на средствата од ИПАРД 3 програмата.