Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Министерство за земјоделство соопшти дека се исплатени речиси 334 милиони денари кон 1.211 сточари

/

пред 288 дена

Сподели преку :

Денеска е извршена исплата на средства во вкупен износ од 335.963.096 денари кон 1.211 сточари, согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, соопшти Министервото за земјоделство, сточарство и водостопанство.

  • Во однос на корисниците на кои не им се исплатени средства по основ на субвенции за 2023 година, информираме дека е потребно истите да се обратат до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со цел да се изврши детална проверка и разгледување на секој поединечен случај, соопштија од министерството.

Инаку претпладнево пред седницата на Економско социјалниот совет пред владата, прес-конференција одржаа и сточари и земјоделци од целата држава поради, како што велат, катастрофалната состојба во македонското овчарство и заостанатите субвенции за 2024 година. Тие најавија и протести доколку не ги добијат субвенциите.

(Видео) Сточарите на протест пред влада – ги бараат субвенциите од 2024 година