Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Црвена линија с6. е.046 денеска во 16:15 (23 деке. ’25)

/

пред 284 дена

Сподели преку :

Eкономско-социјалниот совет се состана. Разговараа. Се разидоа. Со еден договор – да продолжат да се договараат. Минималната плата повторно беше тема, но одлука – нема. Синдикатите бараат 600 евра за преживување, владата има формула за покачување, но во март, а работодавачите велат – може, ама не сега и не сами. И така веќе со месеци.
Истите аргументи, истите ставови, истите изјави, исти плати. Само цените не останаа исти.
Сите се „за“ зголемување, ама никој не го прави.
Додека владата, синдикатите и работодавачите пресметуваат кој колку може, работниците секој месец пресметуваат што и како до следниот први.
Дали ова е социјален дијалог или одолговлекување без рок?
АНКЕТА: Колку долго ќе се договараат за минималната плата?
а) Како и секогаш – без брзање
б) Додека работниците се снаоѓаат
в) Додека преговараат