Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лунапаркот Зимзоленд се пакува

/

пред 294 дена

Сподели преку :

Нема музика, светла и посетители. Каблите за струја се тргаат, а реквизитите се демонтираат – вака денес изгледа лунапаркот Зимзоленд.

„Зимзоленд не работи. Нема посетители, реквизитите се исклучени и дел од опремата полека се пакува“

По прилозите на Телма и реакциите на граѓаните, институциите започнаа контроли на работата на овој лунапарк. Откако Град Скопје потврди дека за „Зимзоленд“ не е издадена дозвола за работа и наложи на општина Аеродром да постапи по нивното решение.

Од општина Аеродром првично се прогласија за ненадлежни, а неколку дена подоцна испратија инспекција која утврди низа неправилности и му даде рок од осум дена на организаторот да се изјасни. По истекот на рокот, општина Аеродром издаде решение во рок од три дена лунапаркот да се затвори и реквизитите да се отстранат – што сега се случува..

Паралелно, контроли спроведоа и други институции. Управата за јавни приходи утврди неправилности како неиздавање фискални сметки и неуредно водење на дневно-финансиските извештаи а државниот пазарен инспекторат констатираше вршење нерегистрирана дејност. Агенцијата за храна и ветеринарство потврди дека организаторот не е регистриран како оператор со храна и не ги исполнува минималните хигиенски услови.

Сопственикот на лунапаркот, Панде Димов, ги демантираше наодите и тврдеше дека ги поседува потребните документи и дека паркот ќе продолжи со работа. Во меѓувреме, Обвинителството отвори истрага поради сомнеж дека дел од институциите не постапувале согласно законските обврски.

Тамара Марковска

Б.С.