Дваесет и осум фирми вршат поштенски услуги, а само „Македонски пошти“ разнесува пратки до секое населено место и, наместо добивка, работи со загуби за разлика од останатите компании во овој бизнис.
„Треба да имаме таков однос кон целата работа за државната и приватните пошти да работат профитабилно, да имаат што повеќе вработени и да немаме приказни какви што имавме во минатото“, нагласи ресорниот министер за транспорт и врски Александар Николоски.
Тој најави реформи во акционерското друштво, предвидени и пропишани со планот за раст на Европската Унија.











