Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео)Судење „Пулс“: Многу од жртвите можеби починале од водороден цијанид, а не од јаглерод моноксид?

/

пред 287 дена

Сподели преку :

Денеска продолжи судењето за случајот „Пулс“.Преживеаните, семејствата на жртвите и родителите на обвинетите очекуваат да се утврди точната причинска врска и да се добие правда за трагедијата.

Во меѓувреме во јавноста излезе нови истражување на ИРЛ кое открива дека многу од жртвите можеби починале од водороден цијанид, а не од јаглерод моноксид, како што досега се наведуваше.

Според обдукциските и хемиските анализи, во клубот гореле токсични материјали, а присуството на затворени прозорци и непрописно поставени врати го влошило ефектот од чадот и токсините, доведувајќи до смрт на многу лица без видливи изгореници.

Со ова обдукцискиот наод се коси дека причина за смртта е јаглерод моноксид, но никаде не се споменува водороден цијанид. Родителите велат дека иако биле изработени дополнителни вештачења до сега не ги добиле наодите од нив.