Законскиот рок истече, а американското министерство за правда побара „уште неколку недели“ пред да бидат објавени сите досиеја што потенцијално се поврзани со покојниот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин. Американските власти открија повеќе од еден милион документи за што ФБИ и федералните обвинители во Њујорк го информираа Министерството за правда.
Ова е досега најобемен број документи и се случува по масовна јавна кампања за транспарентност во истрагите на американската влада за Епстин.
Честите спомнувања на американскиот претседател Трамп во досието се од исечоци од вести, како и од електронската пошта на обвинител каде се посочуваат летовите на Трамп со приватниот авион на Епстин во текот на 1990-тите.
Белата куќа посочи дека станува збор за лажни тврдења за Трамп доставени до ФБИ пред изборите во 2020 година.
- „Иако обемно, објавувањето содржеше малку разузнавачки информации што веќе не беа јавно достапни. Содржи повеќекратни спомнувања на претседателот Доналд Трамп, кој беше пријател со финансиерот пред да се скараат. Едно од тие спомнувања беше во е-пошта од обвинител кој посочуваше дека Трамп патувал со приватниот авион на Епштајн повеќе пати во 1990-тите. – Линдзи Вајтхарст, Асошиејтед Прес.
Обвинителот пак рече дека тоа е затоа што адвокатите „не сакале ништо од ова да биде изненадување во иднина“. Патувањата на Трамп во авионот на Епстин го опфаќале времето што веројатно би било опфатено со какви било кривични обвиненија против соучесничката на Епстин, Гислен Максвел. Трамп бил наведен како патник на најмалку осум летови помеѓу 1993 и 1996 година, а на најмалку четири од тие летови, Максвел исто така била таму.
На еден од тие осум лета, во 1993 година, Трамп и Епштајн беа единствените двајца патници.
Два други лета вклучуваа две жени, потенцијални сведоци во случајот на Максвел.
Трамп се пожали дека со досиејата се прави дефокус.
- „Самиот Трамп изрази фрустрација во врска со контроверзноста околу досиејата, велејќи дека тоа го одвлекува вниманието од успешната работа што ја работат републиканците.“ – Линдзи Вајтхарст, Асошиејтед Прес.
Документите вклучуваат електронска пошта, фотографии и интерни белешки, а дел од нив упатуваат и на можни соучесници во кривичните дела на Епстин. Случајот повторно предизвика меѓународно внимание поради имињата на влијателни личности кои се споменуваат во материјалите, додека жртвите и дел од законодавците бараат целосна транспарентност и одговорност.
Билјана Ставрова











