Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Спречен нелегален транспорт на оружје од Турција кон Македонија

/

пред 297 дена

Сподели преку :

Со брза размена на информации и координирана акција со бугарските безбедносни служби, македонската полиција спречи нелегален транспорт на оружје од Република Турција кон Македонија.

Акцијата е реализирана доцна синоќа, во соработка со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската агенција на Бугарија. Во текот на ноќта меѓу 24 и 25 декември, на граничниот премин „Капетан Андреево“ бил извршен претрес на товарно возило „Волво“ со македонски регистарски ознаки.

При контролата, во товарниот простор биле пронајдени и одземени три пушки, 20 пиштоли и 5.750 куршуми. Случајот го отворила Единицата за недозволена трговија со оружје при Одделот за криминалистичка полиција. По целосно документирање на настанот и утврдување на сите инволвирани лица, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.