Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 11:00 часот во водите на реката Вардар, во атарот на селото Трубарево, било пронајдено и извлечено тело на машко лице.
По извршени проверки, утврдено е дека станува збор за 71-годишниот П.С. од Скопје, за кого на 23 декември 2025 година било пријавено дека се оддалечил од својот дом.
На местото на настанот бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.











