Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Траорнo сведочењето на првиот сведок Дејан Николов во случајот за трагедијата во Кочани

/

пред 287 дена

Сподели преку :

Траорен беше сведочењето на првиот сведок Дејан Николов во случајот за трагедијата во Кочани. Тој е сопственик на сервис, веднаш до дискотеката „Пулс“ во која во пожар загинаа 63 млади луѓе. Вечерта тој и неговиот син биле гости во клубот, а во моментот кога почнало да гори случајно биле надвор. Раскажа дека започнала паника, по што за кусо време снемало струја, настанале викотници и излегувал црн чад.

„Видов дека има вентилатор и излегува црн чад, зедов црево и прскав кон вентиларот и слушав гласови и тропање во женскиот тоалет, прозорот беше со решетки. Ги скршивме прозорците и на самите решетки се фатија девојчиња, плачеа, светеа со телефоните, пискаа. Пробав да ги смирувам и одлучив да ги прскам со вода, прво кратко и комуницирав, ги смирував а синот зад мене велеше те молам спаси ги, а децата викаа чичко прскај не, така полесно дишеме. Пожарникарите многу брзо дојдоа и тогаш се координиравме за да може да гаснеме“, опишуваше сведокот Дејан Николов.

Ова предизвика голема болка кај присутните родители во судницата кои не можеа да ги задржат солзите. Го слушаа сведокот и како раскажува за реновирањето на Пулс. Рече дека газдата Дејан Јованов кој е првообвинет го изнајмил просторот кој бил конфекција. Порано од сите страни имало прозорци и голема зелена врата која се отворала на три дела.

Кога реновирал ги исекол и балконите, на местото на стаклата направил скали и влез, а широката врата од железо ја заменил со двокрилна алуминиумска. Малата задна метална врата често била заклучена а кога го прашал зошто Деко му рекол за да не влегуваат без карти. Родителите на жртвите уште пред почетокот на судењето побараа од ново да се утврди дали децата починале од вдишување цијанид како што беше деновиве објавено од ИРЛ.

Од обвинителството велат дека присуството на цијанид е веќе утврдено и преку обдукцијата и преку други докази.

„Вештачењата на Институтот за хемија и анализата на МВР врз примероци од сите материјали вградени во клубот и начинот на нивно согорување ја потврдија веројатноста за испуштање на цијаниди гасови како последица на пожарот. Кај починатите се констатирани, покрај присуство на карбоксихемоглобин, цијаниди и термички оштетувања на лигавицата од дишните патишта“, велат од Обвинителство.

На Се ова претходеше последниот воведен говор на неформалниот сопственик на фирмата за обезбедување Рубикот. Александар Нацев смета дека обвинението е неосновано и политизирано.

Следното рочиште е закажано за во понеделник на кое се повикани тројца сведоци. Во процесот има 34 обвинети и 3 фирми.

Билјана Николовска