Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Советот на Град Скопје донесе заклучоци со кои бара од министерството за животна средина да се испита работењето на Усје и сите големи индустриски загадувачи

/

пред 286 дена

Сподели преку :

Советот на Град Скопје донесе заклучоци синоќа со кои бара од министерството за  животна средина  да се испита работењето на Усје и сите големи индустриски загадувачи. Се задолжува и градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓоргиевски  да се обрати до владата за да го разгледа начинот за дислокација на Усје и сите големи индустриски  загадувачи надвор од скопската котлина.

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ вчера ја реализира најавената блокада во 18 часот  на крстосницата помеѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“ во Скопје. Од иницијативата велат дека протестот е одговор на според нив долгогодишното жртвување на јавното здравје на граѓаните во корист на профитни интереси.

Тие бараат итна реакција од надлежните институции, прекин на користењето на увозен отпад и дислокација на цементарницата од населена средина.  Демонстрантите симболично поставија пехар со натпис „Трујач на годината – Усје“, а дел од нив носеа заштитни маски и гас-маски, укажувајќи на сериозноста на проблемот.