Црвена линија с6. е.049 денеска во 16:15 (26 деке. ’25)
Предновогодишните прослави од работа и журките со колегите се дел од празничната традиција. Декемвриските забави се во полн ек – полни локали, висока еуфорија и уште една чаша повеќе, со која лесно се преминува границата.
Но, зад веселата атмосфера, алкохолот и опуштеното однесување, често се кријат сериозни ризици. Статистиките покажуваат дека токму во периодот на предновогодишните прослави расте бројот на сообраќајни несреќи, случаи на семејно насилство и други форми на ризично однесување.
Празниците се време за уживање, но и период кога лесно се заборава мерката. Алкохолот е дел од прославите, но како да ја разграничиме веселата атмосфера од опасноста? Празничната еуфорија, комбинирана со малку повеќе алкохол, може брзо да прерасне во ризик – и за поединецот и за околината.
Зошто за време на празниците се претерува со алкохол?
Како да прославиме паметно, безбедно и одговорно?