Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Решенија од УЈП ги извади на протест работниците од Ирак и Авганистан, УЈП со уверување не е целта да се полни буџетот

/

пред 284 дена

Сподели преку :

Стотици граѓани кои изминативе години работат во Ирак и Авганистан излегоа на мирен протест пред зградата на УЈП во Куманово, откако добиле решенија дека треба да платат данок на парите кои ги заработиле таму. Револтирани изјавуваат дека не се против тоа да се плати данок, но не тоа да се прави ретроактивно. Велат дека не се ниту навреме известени, а сега добиваат решение дека треба да платат илјадници евра за кратко време.

Директорката на УЈП пак тврди дека станува збор за ретроактивна мерка за полнење на буџет, туку за обврска која постои одамна, но не се применувала. Уверува и дека граѓаните нема два пати да бидат оданочени, ако за доходот платите данок во странство.

-Не се работи за ретроактивна примена на законите. И нашиот закон за данок на личен доход и меѓународните договори со одредени земји не со сите значи со одредени даночни јуриздикции заштитуваат да не дојде до двојно оданочување односно данокот за ист доход да се плати двојно во двете земји.

До сега од 2.500 граѓани кои оствариле приходи во странство наплатен е данок од 1 милион евра-една четвртина од сите оние кои се повикани да го сторат тоа.

Според, математиките на УЈП заклучно со ноември во државната каса се прибрани 4 милијарди евра по осно на даноци и придонеси. Поради доцнење на одредени давачки од државната каса се отвори сомнеж дали е во добра состојба. Од владата неколку пати потенцираа дека нема проблеми. Економистите пак сметаат дека тешко оди собирањето на средствата.

Дефинитивно оваа Влада има проблем затоа што сака да троши многу, а чергата им е прекратка и затоа мислам дека некоја моја проценка е дека не верувам дека ќе сакаат да поминат на политика на помало трошење, мислам дека тоа нема да се случи затоа што се популистичка Влада а нема да можат да се задолжуваат повеќе и затоа моја некоја прогноза е дека наредната година или може би 2027 ќе видиме покачување на одредени даноци, изјави за Телма Бранимир Јовановиќ Виенски институт.

Известување за тоа дека треба да плата данок за парите заработени надвор до сега добиле околу 10 илјади граѓани, но од УЈП велат дека процесот е во тек.

Ирена Чачкова 

Б.С.