Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Силна екслозија пред солунска филијала на банка во текот на ноќта

/

пред 282 дена

Сподели преку :

Силна експлозија предизвикала материјална штета на згради и неколку паркирани возила пред филијала на банка во текот на ноќта во наслебата Евсомос во Солун.

Нема повредени лица, а  според првичните информации,  немало никакво предупредување и повик. Според државната телевизија „ЕРТ“ експлозијата била толку силна што се слушнала и на оддалеченост од над еден километар, а седумте паркирани автомобили и објектите во околината претрпеле видлива материјална штета.

Во тек е истрагата на грчката полиција и одделот за деактивирање на експлозивни направи на грчката полиција за околностите на експлозијата.

Т.Д.