Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бистата на Вера Јоциќ украдена од градскиот парк во Скопје

/

пред 290 дена

Сподели преку :

Бистата на народниот херој Вера Јоциќ е украдена од градскиот парк во Скопје, полицијата трага по сторителите на овој вандалски чин.

Полицијата објави дека вчера во 11:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека е одземена спомен-бистата посветена на Вера Јоциќ.

Биста на Вера Јоциќ во Скопје e дело на нејзината сестра Вида Јоциќ (која била вајарка), a во Македонска Каменица има споменик посветен на нејзиното дело.

Вера Јоциќ (1923–1944) е македонска партизанка и југословенски првоборец, прогласена за народен херој во 1951 година. Од крајот на 1943 година извршувала должност заменик-политички комесар во неколку партизански единици, а од февруари 1944 година и во Првиот баталјон на Третата македонска народноослободителна ударна бригада. Учествувала во Пролетната офанзива во 1944 година, при што во борбите кај селото Страцин била тешко ранета. Партизаните ја извлекле и ја носеле на шаторско крило три дена и три ноќи. По три дена, починала на 22 мај 1944 година кај селото Саса, во денешна Македонска Каменица.

Вера Јоциќ е воспеана во прочуените песни „Очи“ и „Љубов“ од македонскиот поет академик Ацо Шопов.

Три дена на раце те носевме збрана,
со тага и болка во погледот срчен,
и секоја капка од твојата рана
ко крвава жар ми капеше в срце.