Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжува судското рочиште за случајот „Пулс“

/

пред 293 дена

Сподели преку :

Продолжува судското рочиште за случајот „Пулс“ во Идризово. Со искази на правни застапници, односно родители на жртви. Претходно сите обвинети на почетокот од судењето изјавија дека не се чувствуваат виновни за трагедијата во која загинаа 63 луѓе, а над 200 беа повредени. Некои од нив изразија сочувство кон семејствата на жртвите, но останаа на ставот дека не сториле „тешки дела против општата сигурност“.

Повеќемина обвинети, преку своите адвокати, ја оспорија основаноста на обвинението. во процесот има 35 обвинети и 3 фирми. Мерки за претпазливост наместо домашен притвор барале и добиле од кочанскиот суд инспекторите осомничени дека соработувале со газдата на дискотеката „Пулс“.

Сепак ваквата одлука на судот не е конечна, бидејќи апелациониот суд во штип се уште не одлучил по жалбата. Се жалело обвинителството, па се чека конечната одлука. семејстата на загинатите кажаа дека правдата ќе ја бараат до крај.