Седум турски полицајци се ранети откако милитанти на Исламска држава отвориле оган за време на рација во округот Елмали, во провинцијата Јалова, јужно од Истанбул, соопштија државните медиуми.
Судирот се проширил на улиците, поради што биле затворени пет училишта, прекинато снабдувањето со гас и електрична енергија и забрането движење на цивили во населбата, додека на терен биле испратени и специјални полициски единици.
Според турските власти, ниту еден од ранетите полицајци не е во тешка состојба, а операцијата е дел од пошироки акции против екстремистички ќелии во земјата.
T.Д.











