11 години затвор за Фатон Љури кој со мотор смртно го прегази 68 -годишниот Југослав Николовски во близна на кејот на Вардар, пресуди Кривичниот суд. Тоа што возел без возачка дозвола на пешачка патека се меѓу отежнителните околности. Не извлекол ниту поука од претходната санкција кога бил осуден за непочитување на здравствени прописи за време на пандемијата кажа судијката Снежана Марковска. Како олеснителни околности го посочи тоа што обвинетиот призна вина и изрази искрено каење. Испрати порака дека поради зачестеноста на сообраќајките со смртни последици потребно е построга казнена политика за овие дела.
- Со неправилно управување со моторцикл за кој немал ниту возачка дозвола на пешачка патека, строго определена за пешаци и со неприспособена брзина при што со несоодветна постапка обвинетиот го довел во опасност живото на други лица предизвикувајќи тешки телесни повреди и смрт што јасно покажува висок степен на негрижа несовесност и дивеење, за кои нема оправдување, рече Снежана Марковска, судијка во Кривичен суд.
Љури тивко ја ислуша пресудата останува во притвор и покрај барањето на одбрана да му биде укината оваа мерка.
Семејството на починатиот Николовски низ солзи слушаше како судијката го опишува кобниот 1 јули кога нивниот сопруг и татко го беше прегазен и го загуби животот на неколку чекори од домот.
Љури призна вина за сообраќајката но не и за другото дело за кое го гони обвинителството за неукажување помош на Николовски кој подоцна починал.
Елена Мукоска Ивановска
Б.С.











