Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Летонија изгради ограда од 280 километри долж границата со Русија

/

пред 287 дена

Сподели преку :

Летонија заврши со изградба на ограда долга 280 километри по должината на источната граница со Русија, објави агенцијата ДПА, повикувајќи се на денешното соопштение од Управата за државен имот на балтичката држава.

Видео од изградбата покажува патеки за граничната полиција по должината на оградата, зајакната со жичена мрежа.

Министерот за внатрешни работи Рихардс Козловскис ја нарече оградата „значаен придонес за безбедноста на летонското население и нашата држава“, заедно со изградбата на слична ограда минатата година по должината на границата со Белорусија.

До крајот на 2026 година, Летонија планира да има дополнителна гранична инфраструктура, како и систем за надзор, на своите граници со Русија и Белорусија.

„Нашата главна цел е да изградиме најсовремена гранична заштита на источната граница на ЕУ“, рече Козловскис.