Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДКСК ќе ги разгледува годишните планови за 2026 и предметите во надлежност

/

пред 288 дена

Сподели преку :

Повеќе точки поврзани со годишното планирање и со постапувањето по предмети во надлежност на Комисијата се на дневниот ред на денешната седница на Државната комисија за спречување на корупцијата .

На седницата ќе се разгледува Програмата за работа на ДКСК за 2026 година, како и Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси и планот за спроведување антикорупциска проверка на легислативата во 2026 година.

Пред членовите ќе се најде и Упатството за рангирање на предметите по пријави, по што ќе се продолжи со точките за постапување по предмети, прашања и предлози, како и разгледување пријави од укажувачи.