Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЖРСМ Транспорт ќе обновува возниот парк со заем од ЕБРД

/

пред 280 дена

Сподели преку :

Во Владата денеска ќе биде потпишан договор за заем со Европската банка за обнова и развој кој ќе се користи за обнова на возниот парк на железници Транспорт АД Скопје.

На настанот ќе присуствуваат и претставници на банката, Министерството за транспорт и раководството на железници.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека со заемот од 21 милион евра ќе бидат набавени најмалку пет нови електрични локомотиви, со цел модернизирање на Македонски Железници и подобрување на карго превозот.

Николоски истакна дека моментално железници располага со 11 локомотиви, од кои 4 се нови, а со дополнителните електрични локомотиви планирано е целокупниот карго превоз да се опслужува од 2028 година.

Испораката на новите возила се очекува да трае околу две години.

Б.С.