Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скратени капитални инвестиции, помалку пари за судство и обвинителство во 2024

/

пред 282 дена

Сподели преку :

Се планираат високи капитални инвестиции, па на крај на годината се пренаменуваат за тековни трошоци. Со буџетот за 2024 година не биле обезбедени законски предвидените пари за функционирање на судството и обвинителството, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Со ребалансот на буџетот за 2024, на крај на годината, расходите за субвенции и трансфери се зголемиле за 38 отсто, тековните трансфери до вонбуџетски фондови се зголемиле за 17 проценти, а капиталните инвестиции биле скратени за 27 проценти од првично планираното.

„При тоа не е земена предвид дадената препорака од Фискалниот совет да се прекине со праксата за пренамена на капиталните средства во тековни расходи доколку истите не се реализираат на предвиденото ниво. Ова од причина што за износот на нереализираните капитални расходи би се намалил буџетскиот дефицит и би се зголемил фискалниот простор за капитални инвестиции во наредниот период“, констатира Државниот завод за ревизија во Извештајот за Основниот буџет за 2024.

Ревизорите утврдиле дека власта во 2024 година не им ги обезбедила законски предвидените пари на судството, обвинителството и за рамномерен регионален развој.

„Одобрениот буџет за Судска власт е намален за 42,6 милиони денари, иако со член 4 од Законот за судскиот буџет е уредено дека во случај на ребаланс на буџетот средствата наменети за финансирање на Судската власт не може да се намалуваат“, констатираат ревизорите.

Во извештајот се констатира дека акционерските друштва во државна сопственост и јавните претпријатија неефикасно управуваат со парите од заеми и грантови за одобрени проекти. Ревизорите констатираат дека има одобрени проекти од 3,7 милијарди евра, но искористени биле само 37 проценти, односно 1,37 милијарди евра. Трошоците за провизии за неповлечените пари биле скоро 23 милиони евра. Најголем дел од овие пари се реализираат преку Јавното претпријатие за државни патишта и преку Македонски железници инфраструктура.

Срѓан Стојанчов