Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украле 30 милиони евра, користеле дупчалка за ѕидот до трезорот – историски грабеж во Германија

/

пред 286 дена

Сподели преку :

Крадци во Германија украле имот вреден 30 милиони од трезор на филијала на Шпаркасе во Гелзенкирхен, соопшти германската полиција. Околу 2.700 клиенти на банката се оштетени со оваа кражба, соопштија полицијата и банката.

Според германската новинска агенција ДПА, оваа кражба би можела да биде еден од најголемите грабежи во Германија. Грабежот се случил вчера, а банката остана затворена и денеска, пренесува ДПА.

Противпожарниот аларм ги повикал полицајците и пожарникарите во филијалата на банката малку пред 4 часот наутро во понеделникот. Тие пронашле дупка во ѕидот и го пребарале трезорот. Полицијата верува дека била користена голема дупчалка за пробивање на ѕидот.

Сведоци им кажале на истражните органи дека во текот на викендот виделе неколку мажи како носат големи торби во блиската гаража.