Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Едно лице загина, најмалку 30 повредени во судар на два патнички воза во близина на Мачу Пикчу

/

пред 286 дена

Сподели преку :

Два воза што се упатувале кон археолошкото подрачје Мачу Пикчу во Перу се судрија во при што едно лице загина, а 30 беа повредени.

Националната полиција на Перу соопшти дека починатиот бил машиновозачот на еден од возовите. Меѓу повредените имало перуански и меѓународни туристи, еден од повредените е во сериозна состојба.

Бројките постојано се ажурираат. Од железницата во Перу  соопштија дека нејзините работници ги превезле повредените во два независно погонски вагони по што биле однесени во амбулантни возила и им била дадена медицинска помош. Полицијата сè уште ја истражува причината за несреќата.