Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски ја објави програмата за новогодишната вечер на плоштадот „Македонија“. Забавата, според најавата, ќе почне во 19:45 часот со Миле Кузмановски, по кого ќе настапи Огнен Здравковски.
На сцената по нив ќе излезат Дина Јашари, Куку Леле и Тамара Тодевска, милениците на младата публика Пајак, Лара и Два Бона, додека магичниот момент на пречекот на Новата година ќе го одбележи настапот на Каролина Гочева.
„Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, знае да обединува и знае да биде лидер во културните настани. Со домашни изведувачи, омилени на публиката, создадовме програма што ги поврзува сите генерации“, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.

С.Д.











