Зголемен број на пациенти и тешка ноќ на Хируршката клиника и Токсикологија. Двегодишно дете по прослава е примено на интензивна нега во 3 часот наутро со проектил во главата од огнострелно оружје и е во животна опасност. Најверојатно станува збор за заскитан куршум. За сега не се познати причините и се чека Министерсвото за внатрешни работи да излезе со свои информации. Тројца пациенти во алкохолизирана состојба донесени со пад од висина и еден од нив 30 годишник се бори за живот.
- Јавено е за овој пациент дека е пронајден паднат и е во животозагрозувачка состојба. Извршено е оперативно лекување на рбетниот столб и моментално се наоѓа на клиниката за интензивно лекување. На неврохирургија е примен 16 годишен пациент од Штип исто така при пад од висина. Имаме 8 физички напади, 6 пациенти со телесни повреди кои се пуштени на домашно лекување и една повреда со нож во левата лумбална легија, но е површна и пуштен е на домашно лекување. Имаме со огнострелна повреда во десен лакотен зглоб во Прилеп се случило, пациентот е во Скопје ис се спрема за оперативно лекување- д-р Игор Мерџановски, директор на ТОАРИЛУЦ.
И тоа за што најмногу се апелираше во изминатиов период, за пиротехничките средства и оваа година загрижувачки податоци, двајца се примени на пластична хирургија, две деца на 12 и 13 години кои се примени за оперативно лекување на детска хирургија и во моментов се прави додијагностика, но и 69 годишен пациент со повреди од пиротехника.
- На двајца пациенти шаките им се повредени така што по постоперативните лекувања ќе знаеме дали ќе бидат со инвалидитет или не – д-р Игор Мерџановски, директор на ТОАРИЛУЦ.
31 наш сограѓанин славејќи ја „лудата и незаборавна ноќ“завршија на Токсикологија.
- Најмладата пациентка е 14 годишна, најстарата повторно пациентка е 44 годишна. Од овој број 13 беа малолетни, според половата структура 21 од машки пол и 10 од женски пол- проф. д- р Нико Беќаровски, Универзитетска клиника за токсикологија.
Во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ вообичаена новогодишна ноќ, вели доктор Настов. Вкупно амбулантски се третирани 19 пациенти поврзани со новогодишната ноќ.
- Од кои што еден е со посериозни повреди во пределот на потколеницата со скршеница задржан за оперативно лекување , останатите се третирани амбулантски од кои 8 се повредени во физички пресметки и 6 од пиротехнички материјал- д-р Небејша Настов, Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.
За лекарите загрижувачки е фактот дека и покрај бројните апели во континуитет за ризиците при употреба на алкохол и пиротехнички материјал, младите луѓе во многу ситуации ги игнорираат ваквите совети што доведува до трајни последици за што сведочи и последното деноноќие на дежурните екипи.
Нина Стефанова
Б.С.











