Шеснаесет Италијанци се водат како исчезнати, а до 15 се повредени, соопшти италијанското Министерството за надворешни работи.
Во изјави за Би-Би-Си, од таму велта дека 16 италијански државјани во моментов се водат како исчезнати по пожарот во барот „Ле Констелашн“ во Кран-Монтана.
Портпаролот на министерството изјави дека меѓу 12 и 15 други лица се пронајдени во болница и во моментов се на лекување.
Тројца од нив претрпеле „тешки изгореници“ и наскоро ќе бидат транспортирани во Италија, додадоа тие.
Б.С.











