Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Амбасадата во Берн е во постојан контакт со семејството Ивановски

/

пред 285 дена

Сподели преку :

Амбасадата на Република Северна Македонија во Берн е во постојана комуникација со надлежните институции во Швајцарија.

Во моментов сè уште е во тек процесот на идентификација на лицата настрадани во пожарот во Кран-Монтана и, засега, нема потврдени информации за загинати или повредени македонски државјани.

Амбасадата внимателно ја следи состојбата и е во целосна подготвеност да им пружи неопходна помош на своите државјани.

Во однос на информациите што циркулираат во јавноста, од Амбасадата информираат дека се во постојан контакт со семејството на лицето за кое се бараат информации, како и со кантонската полиција.

Воедно, информираме дека на официјалните профили на Амбасадата на Република Северна Македонија, како и на Фејсбук-страницата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, се објавени контакт информации за сите на кои им е потребна поддршка или дополнителни информации.

Во случај на потреба од асистенција, граѓаните можат да се обратат на дежурниот телефон на Амбасадата: +41 79 923 79 57

(фото)Вечер на новогодишна прослава во Швајцарија се претвори во кошмар- десетици загинати, околу 100 повредени во пожар