Декември – месецот на подароци, пазарење и големи очекувања – заврши. Притисокот да се купи уште нешто го прави овој период најтежок за домашната економија. Новогодишните и божиќните празници, кои по својата суштина треба да значат заедништво, мир и духовна радост, сè почесто се мерат во сметки, попусти и минус на кредитни картички.
Празничната радост лесно преминува во стрес и чувство на вина. Вистинското прашање не е „Колку потрошивме?“, туку „Дали вреди?“
Дали новогодишните и божиќните празници се претерано комерцијализирани?