Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Туркиш Eрлајнс“ најави изградба на најголем карго терминал во светот, инвестиција „тешка“ речиси две милијарди евра

/

пред 275 дена

Сподели преку :

Турската национална авиокомпанија „Туркиш Eрлајнс“ (Turkish Airlines) најави дека на лето ќе изгради најголем карго терминал и угостителски објект во светот. Инвестицијата ќе чини 100 милијарди турски лири или речиси две милијарди евра.

Авиокомпанијата соопшти дека изградбата на карго терминал и угостителски објект ќе создаде 26.000 нови работни места. Но, „Туркиш Eрлајнс“ не наведе на која локација ќе биде изграден карго терминалот и ресторанот.

Седиштето на „Туркиш Eрлајнс“, која е една од најголемите авиокомпании во светот, е во Истанбул. Турскиот авиопревозник поседува 514 авиони и превезува повеќе од 85 милиони патници.