Колумбија распореди повеќе од 30.000 војници долж границата со Венецуела, објави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на официјални претставници во Богота.
Колумбискиот министер за одбрана, Педро Санчез рече дека моментно се распоредени над 30.000 војници на 2.200 километри долгата граница со Венецуела по американските напади врз Каракас и апсењето на претседателот Николас Мадуро.
Според Санчез, колумбиските трупи се распоредени во подрачја во кои делуваат два наркокартела – ЕЛН и Трен де Арагва.











