Скоро половина милијарда евра помалку приходи се собраа во буџетот во однос на планот за минатата година. Причината за ова министерката Кочоска ја лоцираше кај државните институции. Тие не успеале да си ги наплатат сопствените приходи.
Интересно е и тоа што Фондот за здравство ги стокмиле парите од придонесите, но во ПИОМ се слеале помалку средства. Зошто е тоа така – дали не се плаќал придонесот за пензиско допрва ќе се анализира. Наплатени се и помалку приходи од игри на среќа, но и од акцизи.
Тоа значи и самите газди не си ги прибраа своите приходи а тоа се институциите кои што имаат сопствени сметки. Акцизите се единствено нешто што е послабо наплатено но не знам што не изненадува еве кој можеше да предвиди дека и по ова што се случува во Венецуела цените на нафтата ќе останат ниски јас не. Гледате дека цела годна цената на нафтата е на многу ниско ниво, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска
Кочоска сепак е задоволна од тоа како завршила наплатата на даноците. Од овие пари се покрива дупката во ПИОМ, но и други расходи.
Сега планот е во 2026 година да се соберат над 12 отсто повеќе приходи во државната каса. За тоа да се случи Кочоска се надева на намалување на процентот на работа на црно- нешто за што постојано се зборува, но никако да се случи.
Работиме на измени во многу закони почнувајќи од законот за ДДВ каде што согласно сЀ уште ги НЕмаме добиено извештаите од ММФ кои што работеа на анализа. кажуваат дека даночните ослободувања во државата се 4,75 проценти од БДП што значи многу повисоки, со 4 проценти дефицит завршивме, додава Кочоска.
Во 2025 година проекциите беа во буџетот да се соберат околу 6 милијарди евра, но според бројчаникот на финансии заклучно со 31 декември се стокмија 5, 4 милијарди евра или 470 милиони евра помалку.
Ова значи дека реализацијата е нешто над 92 отсто, и според анализите таа е најниска во последните десетина години.
Ирена Чачкова











