„Доста е“, напиша гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен на социјалните мрежи како одговор на повторените закани на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ја преземе контролата врз островот.
–Доста е со притисокот. Доста со инсинуациите. Доста со фантазиите за анексија. Отворени сме за дијалог и дискусија, но тоа мора да се направи преку соодветни канали и во согласност со меѓународното право, напиша Нилсен на својата Фејсбук страница.











