Полициски службеници од ОВР Гостивар на 6 јануари 2026 година го лишиле од слобода Љ.Х. (33) од Гостивар, кој бил баран со потерница по судска наредба поради бегство од затворот „Идризово“.
Апсењето било извршено околу 21:20 часот на улицата „Илинденска“ во Гостивар. Осуденикот имал за доиздржување уште една година и четири месеци од вкупната затворска казна од осум години.
Тој бил осуден за повеќе кривични дела според членовите 237, 215, 382 и 186 од Кривичниот законик, а по апсењето е спроведен назад во затворот „Идризово“ за доиздржување на казната.











