Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати честитка по повод Божик, истакнувајќи дека празникот потсетува на семејството, верата, солидарноста и меѓусебната почит.

– Божиќ нè потсетува дека силата на општеството започнува во домот, дека стабилна држава се гради врз здрави семејства и дека иднината ја чуваме преку грижата за децата, рече Мицкоски.
Тој посочи дека празникот е повик за единство, грижа за најмладите и за создавање услови за достоинствен живот за сите семејства, завршувајќи со честитка: „Христос се роди.“
Паричката за Бадник во неговото семејство се паднала кај него.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати честитка по повод Божик, посакувајќи им на верниците мирни и весели празници и истакнувајќи дека ова е време за семејство, почит и грижа.

– Мирот ни е потребен за да продолжиме да го градиме општеството праведно, толерантно и слободно, изјави Филипче по свечената литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Тој додаде дека минатите политики обезбедиле подобар живот за граѓаните и можност младите да ја гледаат иднината овде, без дискриминација по етничка, верска, културна или друга основа.
Паричката за Бадник во неговото семејство се паднала кај синот.











