Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рубио најави разговори со дански претставници за Гренланд

/

пред 273 дена

Сподели преку :

Американскиот државен секретар Марко Рубио најави средба со данските претставници во текот на наредната недела на која треба да разговара за Гренланд. Тој одби да даде одговор на прашањето „дали тоа значи дека воената акција е исклучена?“. Точната локација и датумот на состанокот сè уште не се познати.

Претходно, Данска и Гренланд побараа средба со државниот секретар на САД. Гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен изјави дека е презаситен од комуникацијата со САД што се одвива преку медиумите.

„Секако дека ќе учествуваме. Ние сме тие што побаравме состанок“, изјави Вивијан Моцфелд, министерка за надворешни работи на данскиот автономен регион. Таа се надева дека состанокот ќе доведе до „нормализација“ на односите со САД.

Европа подготвува одговор доколку Трамп тргне кон преземање на Гренланд