Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над два милиона претплатници во мобилната телефонија, 459.643 фиксни линии – извештај на АЕК

/

пред 269 дена

Сподели преку :

Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија, заклучно со третиот квартал лани, изнесува 2.105.467 милиони, а реализрани се 1.299.617.051 милијарда минути разговор.  Резиденцијални припејд претплатници се 833.089, резиденцијални постпејд се 1.024.072 милиони, а деловни постпејд се 248.306, покажуваат најновите податоци од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Извештајот на АЕК покажува дека А1 Македонија има 47,41 процент удел во вкупниот број на претплатници, Македонски Телеком – 46,68 проценти, МТЕЛ – 4,55 проценти, Телекабел – 1,27 проценти, а Грин мобиле – 0,10 проценти.

Во приходите од обезбедување на мобилни комуникациски услуги (малопродажно ниво) во третиот квартал од 2025 година, Македонски Телеком има удел од 49,49 проценти, А1 Македонија – 48,58 проценти, МТЕЛ – 0,93 проценти, Телекабел – 0,79 проценти, а Грин мобиле – 0,11 проценти.

Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) во третиот квартал имале 1.781.697 милиони претплатници.

Според податоците на АЕК, во третиот квартал во државава имало 459.643 фиксни линии, со удел од 51,68 проценти на Македонски Телеком, 43,34 проценти на А1 Македонија, 3.17 проценти на Телекабел, 1,26 проценти на Неотел, 0,55 процент на Актон.