Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДЗС: Трошоците на живот се зголемени за 4,1 процент на годишно ниво, а цените на мало за 3,6 проценти

/

пред 278 дена

Сподели преку :

Индексот на трошоците на живот во 2025 година во однос на 2024 бележи пораст од 4,1 процент, а индексот на цените на мало од 3,6  проценти, објави државниот Завод за статистика (ДЗС).

Движењето на индексот на трошоците на живот во 2025 година се различно кај одделни групи на потрошувачката. Пораст на индексите е забележан во сите групи: Ресторани и хотели за 7,2 проценти, Рекреација и култура за 6,4 проценти, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 5,9 проценти, Храна и безалкохолни пијалаци за 5,2 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 4,6 проценти, Разновидни стоки и услуги за 3,7 проценти, Облека и обувки, Здравје за 3,1 процент, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 1,8 проценти, Комуникации за 1,3 проценти, Транспорт за 0,8 проценти и Образование за 0,1  процент.

ДЗС појаснува дека зголемувањето на инфлацијата во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите: Транспорт за 5.8  проценти, Рекреација и култура за 0.8 проценти, Здравје за 0.7 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.5 проценти, Ресторани и хотели за 0.4 проценти, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.2 проценти, Разновидни стоки и услуги, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1  процент.

Во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, намалување на трошоците на животот  има во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 0,4  проценти и Облека и обувки за 0,2 проценти, а во Образование и Комуникации останале на исто ниво како и во претходниот месец.
ДЗС соопшти дека индексот на трошоците на животот во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, бележи зголемување од 4,1 процент, а кај индексот на цените на мало има пораст од 3,7 проценти.