Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ХоризонТелма | Гостин: Ѓорѓина Цениќ | С-03 ЕП.07

/

пред 268 дена

Сподели преку :

Во новата епизода на ХоризонТелма подкастот разговараме со Ѓорѓина Цениќ, една од најмладите доктори на науки во Македонија. Таа на само 26 години докторира во рекорден рок во полето на вештачката интелигенција во Словенија, а потоа продолжува да работи на Институтот Јожеф Стефан во Љубљана. Љубовта кон математиката ја негува уште од најмала возраст, па така наместо приказни за добра ноќ таа решавала математички задачи кои се најголемиот виновник за нејзиниот успех денеска. Преку истражувачкиот институт има пропатувано низ целиот свет, но сепак пак би ја избрала Словенија како држава во која ја гледа својата иднина. Зошто ја напушта Македонија, како изгледа нејзиното образование по заминувањето, но и кои се нејзините ставови за македонското образованието и условите дознајте во новата епизода! 🎙️ Премиерата на седмата епизода од третата сезона на подкастот ХоризонТелма гледајте ја овој петок во 20 часот 🎧 Сите епизоди се достапни на YouTube подкаст каналот на Телма и на Spotify