Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Koja беше Рене Никол Гуд, жената смртно застрелана од агентите на ICE и обвинета за „домашен тероризам“ од луѓето на Трамп?

/

пред 277 дена

Сподели преку :

Жената која беше смртно застрелана од федерален имиграциски агент во Минеаполис, беше идентификувана како Рене Никол Гуд, 37-годишна мајка на три деца, која неодамна се преселила во градот.

Таа беше наградувана поетеса со хоби на свирење гитара, за која градските власти во Минеаполис тврдат дека била на местото на настанот како легален набљудувач на активностите на маскираните припадници на службата за имиграција и царини (ICE).

Но, за администрацијата на Трамп, оваа жена го заслужи епитетот на „домашен терорист“.

Смртта на Гуд предизвика протести во целата земја, на кои американските граѓани бараат правда за нејзиното убиство.

Мајката на Рене, Дона Гангер, за весникот „Минесота Стар Трибјун“ изјави дека нејзината ќерка најверојатно била ужасно исплашена во текот на конфронтацијата со вооружените агенти кои на крајот ја застрелаа во главата и дека таа била една од „најљубезните луѓе кои воопшто ги познавала во животот“.

„Таа беше преполна со сочувство. Се грижеше за луѓето во текот на целиот свој живот. Беше полна со љубов, позитивни емоции и човечност. Прекрасен човек“.

Нејзиниот татко, Тим Гангер, за „Вашингтон Пост“ изјави дека Рене има добар, но тежок живот.

Во акцијата за собирање парична помош за семејството на Гуд, која започнала со цел за собирање 50 000 долари, во рок од само 15 часа, биле собрани повеќе од половина милион долари.

Во скринштови од Инстаграм профилот на Гуд, таа се опишува себеси како „поетеса, писателка, сопруга и мајка“, која го запознава Минеаполис.

Американска граѓанка, Гуд потекнува од Колорадо Спрингс и минатата година се доселила во Минеаполис од Канзас Сити.

Според информациите на Минесота Стар Трибјун, таа водела и подкаст со својот втор сопруг, Тим Меклин, кој починал 2023-тата година. Заедно имале син, кој на возраст од шест години, заради убиството на неговата мајка, сега е сирак.

Од првиот брак, имала уште две деца.

Никола Илиевски