Министерството за внатрешни работи информираше дека во 17:35 часот е пријавено дека на автопат Скопје– Велес, после тунелот “Бадар” има одрон од карпа, која ги има зафатено двете ленти. Според МВР, сообраќајот не бил во застој и на лице место се присутни полициски службеници и екипа од Македонија пат.











