Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Две бугарски државјанки осомничени за кражба на банкарски картички и паричници во Скопје

/

пред 282 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство од Скопје соопшти дека e поведена постапка против две државјанки на Република Бугарија заради основано сомнение дека вршеле повеќе кривични дела – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик.

„Првата осомничена во пет наврати, од кои последниот пат заедно со второосомничената, од различни лица крадела паричници, во кои покрај парични средства имало и банкарски картички од кои потоа се обидувале да повлечат и дополнителни износи“ – соопштија од обвинителството.

Кривичните дела за кои се сомничат државјанките на Бугарија се случувале во подолг временски период.

На четврти април годинава, во автобус бр.7 на ЈСП-Скопје, на релација од поликлиника Букурешт до Рекорд, една од осомничените украла паричник во кој имало 2.600 денари, банкарска картичка и други документи, а кога оштетениот се јавил да ја блокира сметката од банка му кажале дека од банкомат веќе му биле подигнати 30.000 денари.

„Во текот на август 2025, во трговски центар во Скопје, три пати вршела кражби на паричници во кои имало документи, картички, пари и други вредни предмети со што првично прибавила противправна имотна корист од 39.000 денари. Потоа од картичките се обидувала да извлече уште пари, што кај една оштетена и успеало и од банкомат на два пати и повлекла од сметката вкупно 60.000 денари“ – соопшти обвинителството.

Бидејќи во конкретниот случај постојат индиции дека осомничените во двата успешни обиди за повлекување пари од украдените картички користеле ПИН кодови кои жртвите, повозрасни лица, ги чувале запишани во своите паричници, јавниот обвинител презема дејствија за да испита дали осомничените исполниле и елементи на кривично дело – Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.

За осомничените странски државјанки предложена е мерка притвор.