Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прво обраќање на ајатолахот Хамнеи: Трамп ќе биде соборен како и други арогантни деспоти

/

пред 276 дена

Сподели преку :

Иранскиот врховен водач Ајатолахот Али Хамнеи претпладнево се обрати до јавноста во говор што беше пренесуван на државната телевизија, за првпат по избивање на масовните антивладини протести во земјата. Порача дека иранската нација нема да толерира платенички активности во служба на странски интереси, како и оние кои се сметаат за платеници, ќе бидат политички и општествено отфрлени.

Во дел од говорот го критикуваше и американскиот претседател Доналд Трамп, порачувајќи му дека треба на ум да ги има судбините на владетели и моќници низ историјата кои биле „арогантни деспоти“. Притоа ги спомена фараонот Нимрод, Реза-шах Пахлави и Мохамед Реза Пахлави, тврдејќи дека сите биле соборени во период во кој биле на врвот на својата самодоверба и моќ.

На Трамп му порача и дека „рацете на американскиот претседател се извалкани со крв на над илјада Иранци“. Рече дека дел од демонстрантите ја уништуваат сопствената земја за да го задоволат претседателот на САД, на кого му нагласи да се занимава сопроблемите во неговата земја, наместо да се меша во иранските внатрешни работи.