Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повторени избори, нова политичка битка – „дербито“ во Гостивар

/

пред 272 дена

Сподели преку :

Точно на полноќ се „спушта завесата“ на изборната кампања за повторените локални избори. Четири општини, седум кандидати и изборен молк. Kој ќе трае до затворањето на гласачките кутии во недела, во 19 часот. Државната изборна комисија (ДИК) работи со полна пареа и гласачките ливчиња и уреди за биометриска идентификација веќе „патуваат“ кон општинските изборни комисии.

Избирачките одбори потоа ќе ги дистрибуираат до последната станица, а тоа се гласачите кои треба да го дадат конечниот одговор на овие повторени избори. Во четирите општини – Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа не беше постигнат цензусот, односно не беше исполнет минималниот праг на излезност на гласачите од 33,33% или една третина од запишаните избирачи.

Во случајот со овие повторени избори не е потребна излезност од една третина на гласачите, туку за да се избере градоначалник треба за еден од кандидатите да гласаат повеќе од половината од излезените избирачи, вклучувајќи ја и Центар Жупа, каде што има само еден кандидат. Главната политичка битка ќе се бие во Гостивар, помеѓу Вреди и Националната алијанса за интеграција предводена од ДУИ. Таму Невзат Бејта е кандидат на Вреди, наспроти Ваљбон Лимани поддржан од НАИ. Претходно, кандидатот на НАИ само за 22 гласа не успеа да ја потврди победата.

„Тешко е да процениме кој како ќе гласа во недела, односно која партија кој дел од своето бившо гласачко тело го контролира. Да потсетам, логиката на коалицијата НАИ е да се максимизира бројот на гласови на господинот Таравари и на господинот Ахмети во Гостивар. Како што видовме, тоа не успеа. Исходот ќе биде и некаков тест за тоа во која насока ќе се движи, односно дали ќе опстои воопшто Алијансата за Албанците на господинот Таравари, бидејќи евентуален пораз на кандидатот на АА ќе биде апсолутно демотивичарки“, објаснува политичкиот аналитичар, Бесим Небиу во „Вин-Вин“ на ТВ Телма. 

Во Врапчиште кандидати се Исен Шабани од НАИ и Зуљхајрат Демири поддржан од Група избирачи. Во Центар Жупа има само еден кандидат за градоначалник, а тоа е Аријан Ибраими од Демократската партија на Турците. Во Маврово и Ростуше, „копјата ќе ги судрат“ Онер Јакупоски поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и Анес Ахмети, кандидат на СДСМ.

Петар Догов