Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, апелираше на мирни протести против работата на имиграциската служба ICE

/

пред 275 дена

Сподели преку :

Градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј, предупреди попладнево дека демонстрантите кои предизвикуваат штета на имотот и сопственоста или ја загрозуваат безбедноста на другите луѓе ќе бидат уапсени, истовремено нагласувајќи дека повеќето протести биле мирни.

Протестите против работата на припадниците на службата за имиграција и царинска контрола (ICE) се раширија низ улиците во градовите и местата низ целата земја откако еден припадник на оваа агенција смртно застрела жена во Минеаполис, а друг застрела и рани две лица во Портланд, Орегон.

Во петокот вечерта, на протестот пред хотел во Минеаполис, беа присутни околу 1.000 луѓе.

Беа регистрирани неколку инциденти откако дел од луѓето започнаа да фрлаат мраз, снег и камења кон полицајците, при што еден наш припадник беше полесно повреден, изјави началникот на полицијата во Минеаполис, Брајан О’Хара.