Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Домаќинот Србија на пенали се спаси од пораз против Холандија

/

пред 266 дена

Сподели преку :

Во следниве две недели Белград е домаќин на најдобрите ватерполо репрезентации во Европа. Во српската престолнина денеска почна континенталниот шампионат во машка конкуренција.

Србија во последниот натпревар од Ц конкуренцијата ја совлада Холандија со 18:16 и тоа по подобро изведување на удари од пет метри откако по четири четвртини резултатот беше 13:13.

Холанѓаните во последниот напад успеаа да постигнат гол, но тој не беше признат бидејќи топката беше упатена по звукот на сирената.

Во првиот дуел од Ц конкуренцијата, Шпанија триумфираше над Израел со 28:3.

Во А групата Црна Гора славеше над Малта со 21:12 додека Унгарија во соочувањето со Франција забележа победа од 15:7.

ФОТО: Игор Паневски